Достапни линкови

Белград: Владата го обвини „Земунски клан“ за убиството на Ѓинѓиќ


Владата на Србија во соопштението објавено вечерва директно го обвини така наречениот „Земунски клан“ за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Во соопштението на владата се наведува дека оваа група ја сочинуваат околу 200 криминалци, а денеска требало да биде потпишан налог за нивно апсење и со тоа да заврши нејзината повеќемесечна акција против организираниот криминал. „Земунскиот клан“, меѓу другото, се товари и за киднапирањето и убиството на поранешниот претседател на Србија Иван Стамболиќ, обидот за убиство на Вук Драшковиќ како и десетина киднапирања и уште педесетина убиства.
XS
SM
MD
LG