Достапни линкови

Преговорите одат добро


Преговорите меѓу НАТО и Европската Унија одат добро:

„И јас навистина не очекувам никакво поврзување меѓу дискусиите за ситуацијата на Средниот Исток и европското преземење на воената мисија во Македонија,“

вели специјалниот европски пратеник Алексис Брунс повоторувајќи го карактеристичниот европски оптимизам во врска со брзото и ефикасно доаѓање на европсите војници во земјава. Според нивните најави до крајот на месецов. Меѓутоа овој оптимизам не го делат дипломатите на НАТО. Резервите се присутни. Тие се формулираат со реченицата се додека и последен детал од договорот Берлин плус не биде усогласен нема трансфер на мисијата. Затоа давањето на временските најави се секогаш условни. Имено, јавна тајна е дека токму ситуацијата околу Ирак придонесе за специфичната атмосфера на поделеност која резултира со тешко и бавно затворање на сите процедури. Тие за стартот на европските сили за брза интервенција кои треба да дебитираат токму во Македонија не се завршени ниту во Брисел ниту во Скопје.

„Во ова глобално мошне тешко време потребни ни се позитивни примери, и јас мислам дека токму Македонија е таков позитивен пример,“

изјави вчера шефот на шведската дипломатија Ана Линд.

Очекувањата се дека Македонија треба да биде токму земјата со која ќе се демонстрира дека поделеноста околу Ирак нема глобално да го загрози функционирањето на инситуциите на меѓународната заедница. Во таа смисла се смета дека ниту нонпејперот од Вашингтон, ниту одговорот што Македонија ќе го испрати нема да ги загрозат нејзините европски релации. Затоа Линд во Скопје дојде без каква и да е сугестија околу дебатата за Ирак:

„Немам европски совет ниту европска порака затоа Што за жал европската унија е поделена кога станува збор за ирачката криза.“

рече Линд.
XS
SM
MD
LG