Достапни линкови

logo-print

Москва: Телефонски разговор Путин - Блер


Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со британскиот премиер Тони Блер изјави дека последниот извештај на меѓународните инспектори на ирачкото оружје покажува дека инспекциите носат конкретни резултати и треба да продолжат. Тие се согласиле дека ваквите контакти ќе ги продолжат и во иднина. Инаку, за денеска е најавено дека во Лондон ќе допатува германскиот канцелар Герхард шредер, кој ќе разговара со Блер за ирачкото прашање. Русија и Германија се против предлог резолуцијата на САД И Британија за употреба на воена сила против Ирак.
XS
SM
MD
LG