Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Според Рамсфелд САД може да почнат војна со Ирак и без Британија


Американскиот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд не ја исклучи можноста Американците сами да ја почнат војната против Ирак, дури и без Британците. Тој истакна дека не е јасно каква Ќе биде одлуката на Лондон, додавајќи дека Британците ќе бидат добредојдени доколку решат да учествуваат во војната. Рамсфелд, меѓутоа нагласи дека Британија во секој случај ќе биде вклучена во обновата на Ирак, по заминувањето од власт на Садам Хусеин.
XS
SM
MD
LG