Достапни линкови

Њујорк: Продолжува расправата за Ирак во Советот за безбедност


Во советот за безбедност на обединетите нации денска треба да продолжи вчера започнатата расправа за Ирак. Прв имаше обраќање ирачкиот претставник во светската организација Мохамед Ал Дури, кој побара од Обединетите Нации и од генералниот секретар Кофи Анан да ја спречат можната катастрофа во неговата земја. Тој ги обвини САД и Велика Британија дека нивната цел не е да се разоружа Ирак, туку контрола на неговата нафта. Ал Дури истакна оти Багдад донесол стратегиска одлука за разоружување. Од друга страна, кувајтскиот претставник го обвини Ирак дека не ги исполнува обврските за разоружување и оти е целосно одговорен за тензиите во регионот. По денешната расправа нема да има гласање. Таа само им овозможува на оние кои сакаат, да го изнесат својот став во врска со ова прашање.
XS
SM
MD
LG