Достапни линкови

Модифицираната верзија нема да ги даде посакуваните ефекти


Ново предложеното законско решение за поттикнување на вработувањето или таканаречениот модифициран бранков закон според економскиот експерт Душан Вељковиќ така како што е замислен нема да ги даде посакуваните ефекти.

„Овој закон сепак ќе даде некои ограничени ефекти. Пред се, сигурно ќе има ефекти во тоа што еден дел од вработените на црно сега ќе бидат легализирани“

Со оглед на лошото искуство што го имаат работодавците со враќањето на царината и данокот на додадена вредност нема да помине и идејата сопствениците да ја превземат обврската на ново примените работници да им ги плаќаат придонесите, а потоа овој трошок да чекаат да го наплатат од државата.

„Не верувам дека тоа ќе биде атрактивно за работодавателите, бидејќи постои една општа недоверба во државата дека она што ќе биде уплатено, потоа ќе биде вратено“.

Најголемиот дел од социјалните случаи се лица постари од 40 години, што е непопуларно за новите работодавци. Покрај тоа лицата од фирмите загубари за кој овој закон е алтернативно решение на законот за загубарите се работници кој доаѓаат од производствени компании

„Според тоа, тие би можеле да бидат вработувани, ако веќе се оди на вистинско вработување, во некои производни приватни капацитети, во малите претпријатија. Знам дека состојбата во малите претпријатија навистина е загрижувачка. Голем дел од нив го запираат производството бидејќи немаат пазар. Тие се готват да ги отпуштат и оние работници што сега ги имаат, а не пак да примаат нови“.

И покрај одредени слабости добро е што владата за првпат понуди решение кое ќе треба да го решава проблемот со невработеноста е ставот на Вељковиќ.


„Лично очекував дека многу порано ќе се реактивира овој закон, а не шест месеци по стапувањето на должност на новата власт“

Имплементирањето на проектот намалување на невработеноста ќе биде во сила неполни три години, со предвидена финансиска поддршка од 33 милиони евра.
XS
SM
MD
LG