Достапни линкови

logo-print

Белград: Србија можеби ќе ја замрзне одлуката за разгвори со косовските власти


Владата на Србија можеби ке ја замрзне или укине одлуката која предвидува разговори со косовските власти. Ова следува по најавата на претставникот на УНМИК Михаел Штајнер за пренесување на поголеми надлежности од институциите на оваа организација на органите на покраината, пишува денешниот број на Вечерни новости. Претседателот на Координативниот центар за Косово И Метохија Небојша Човик неодамна оцени дека пренесувањето на овластувањата од УНМИК на косовската влада се опасна провокација која дополнително ке го дестабилизира регионот.
XS
SM
MD
LG