Достапни линкови

Ефакасна постапка, казната дискутабилна


Пресудата која предвидува казна затвор од шест месеци за Дилавер Бојку за кривично дело посредување во вршење простутиција е најниска што ја предвидува казнениот законик за ова дело, изјави Никола Тупанчески професор на правниот факултет. Тој објаснува дека кривичниот законик за ова дело предвидува казна затвор од шест месеци до пет години

„Ако продолжи трендот на ваков начин на решавање на овој вид на криминал ќе нема ништо од превентивниот дел. Ќе мора еднаш да се покаже малку повеќе заби кон сторителите на овие дела затоа што Дилавер Бојку е познат во македонската јавност години наназад, а и шест месечната казна затвор верувајте за мене претставува изненадување.“

вели Тупанчески кој посочува дека токму по овој основ очекува и други кривични пријави за Дилавер Бојку

„Се надевам дека ова е само една од првите кривични пријави што му е поднесена, но постојат и други кривични пријави може да се поднесат по истиот основ. Очекувам дека нарените кривични пријави, ако ова претставува некоректност спрема јавноста и спрема жртвите, дека ќе биде поправена ако е грешка на судските органи.“

Во контекст на ефикасноста на судството при донесување на пресудите адвокатот Јован Јоанидис и поранешен судија смета дека овој случај може да биде пример во колкав временски период треба да се донесе првична пресуда

„Ова е брзо постпаување на Основниот суд во Струга и може да биде пример како треба да работат сите судови од притворањето, од поднесување кривична пријава, барањето за истрага, во судот поднесено обвинение и донесена пресуда, нема еден месец, а целата постапка е завршена. Значи дека е брз и ефикасен судот. Дали е казната ефикасна или не тоа е дискутабилно.“

Јоаснидис вели дека не може да говори за пресудата, бидејки таа уште не е правосилна, односно може да се искористи правото на жалба.
XS
SM
MD
LG