Достапни линкови

Хаг: Средба на Анан со претставници на кипарските Грци и Турци


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан денеска ќе се сретне со лидерите на кипарските грци и турци во рамките на финалниот план за обединување на медитеранскиот остров. Средбата ке биде одржана во Хаг и, според најавите, Анан ќе побара одговор од Пападопулос и Денкташ дали тие ке одржат гласања за реунификација на Кипар до 30 март. Имено на 16 април грчката кипарска влада ќе потпише договор за членство во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG