Достапни линкови

Малта: Во очекување на резултатите од референдумот за влез во ЕУ


Малта денеска ги очекува првичните резултати од вчерашниот референдум на кој 90 % од граѓаните кои излегоа на референдумот, се изјаснуваа по прашањето за влез на земјата во Европската Унија. Меѓу 10-те кандидати повикани за влез во Унијата, Малта е прва земја која организира референдум за изјаснување на своите граѓани. Според истражувањето на јавното мислење повеќето граѓани на медитеранскиот остров, го подржуваат влезот на земјата во ,,големото европско семејство,,.
XS
SM
MD
LG