Достапни линкови

Софија: Убиен Илија Павлов, најбогатиот Бугарин претсеател на на „МГ“


Илија Павлов претседател на бугарската корпорација „МГ“ поранешна „Мултигруп“ е убиен синоќа во близина на централната канцеларија на компанијата во Софија, јави државната бугарска телевизија. Павлов е погоден со истрел од огнено оружје во срцето.„Логично е да се заклучи дека атентатот е дело на професионален убиец“ изјави софискиот јавен обвинител Здравко Јорданов. Убиството се случи ден откако Павлов сведочеше на судскиот процес за убиство на поранешниот бугарски премиер Андреј Луканов.
XS
SM
MD
LG