Достапни линкови

logo-print

Изјаснување за воено ангажирање во Ирак


По официјалното барање од страна на САД - Македонија да се изјасни за воено ангажирање при евентуален напад врз Ирак, македонскиот државен врв не може да се реши, треба или не да се сретнат претседателот Борис Трајковски и премиерот Бранко Црвенковски.

Ваквото барање било испратено до Македонското Министерство за одбрана потврдуваат од амбасдата на САД во Скопје како и од ресорното миниастерство. Детали од писмото не се соопштуваат.

На оваа тема синоќа разгоарале министерот за одбрана Владо Бучовски со претседателот на државата Борис Трајковски, потврди са Радио Слободна Европа заменик министерот за одбрана Ризван Сулејмани.

„Имало некакви размислувања околу тоа, но знаете дека процедурата за еден ваков ангажман во Република Македонија доста тешка, со оглед на тоа дека сепак треба парламентот да донесе одлука за таква акција. Тоа значи дека треба да претходи една јавна дебата во која што ќе бидат вклучени сите политички субјекти во Република Македонија и врз основа на проценките коишто ќе се направат, да може да се донесе политичка одлука а понатаму активностите околу евентуалниот ангажман сигурно дека ќе ги преземе министерството за одбрана“.

Никаков допис со барање не е пристигнато до претседателот на Собранието, вели Никола Поповски кој повтори уште еднаш дека освен владата и пратениците никој друг не може да предложи испраќање на наши војници во странство.

„Јас ви кажувам дека до Собранието не може да предложи одлука претседателот на државата. Претседателот на државата не си ги знае своите ингеренции, зашто не ги проучил сите закони што се на сила во Република Македонија“

Користењето на воздушниот простор на земјата и полнењето на авионите со гориво е првиот степен на подршка што една земја може да го даде при евентуалната подршка на САД во војната против Ирак. Вториот подразбира можност сојузничките војници да стапат на територијата на државата, третиот е користење на воените капацитети а четвртиот и највисок степен подразбира директно вклучување на земјата и со свои војници во решавањето на Ирачкото прашање.

Досегашниот став на Претседателот Борис Трајковски беше

„Ние сме свесни дека треба да се совлада режимот на Садам Хусеин и тоа со што е можно поголем број на меѓународна коалиција и тоа без одлагање, бидејќи ние споделуваме заеднички вредности на демократијата и слободата“
XS
SM
MD
LG