Достапни линкови

logo-print

Пречекорување на овластувањата и кршење на човековите права


Приведувањето, а потоа малтретирањето на неколку граѓани од ромска националност од страна на полицијата, беше причина неколку невладини организации во земјава да упатат декларација за пречекоруивање на службените овластувања на полиијата, односно кршење на човековите права.

Не значи дека досега немало ваквии случаи вели Азбије Мемедова од невадината организација Центар на Ромите од град Скопје

„Организациите коишто работат на заштита на човекови права сеуште се соочуваат со проблемот луѓето што се жртви на насилство да одат до крај во расцелтување на случаите под притисок и на самите полицајци коишто го извршиле чинот или други работи или закани за нив и за нивните семејства итн.“

вели Мемедова која посочува дека друга причина е недоволниот развој на ромските невладини организации:

„Мислам дека сега се создаде една атмосфера и сега созреаја росмките организации за да може да отворат едно вака чувствително прашање.“

Европскиот Центар за Правата на Ромите со седиште во Будимпешта е единствената организација која на жртвите од ваков тип им нуди правна и финансиска подршка .

„Тој веќе четири години има програма, не само за Македонија туку и за сите земји од Централна и Источна Европа со тоа што се нуди парична помош за сите жртви на насилство. Во Македонија мислам дека имаше неколку случаи, а колку што јас сум информирана во тек е еден случај што се води пред суд.“

Овој центар деновииве со писмо се обрати и до премиерот на Македонија Бранко Црвенковски во кое ја изразуваат загриженоста поради кршењето на човековите права на Ромите во Македонија.

Сашо Клековски од невладината организација македонски центар за меѓународна соработка вели:

„Сметаме дека дали ќе има пречекорување или не зависи дали ќе има реакции од јавноста на таквите пречекорувања и доколку нема реакции сигурно ќе се случуваат.“
XS
SM
MD
LG