Достапни линкови

Одмрзнати 12 милиони долари од САД


Со потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу министерството за Финансии и УСАИД на Македонија ќе и бидат доделени веќе ветните грант средствата во износ од 12 милиони долари од страна на владата на САД, односно овие средства практично стануваат ефективни. Договорот го потпишаа Министерот за Финансии Петар Гошев, амбасадорот на САД во Македонија Лоренс Батлер и директорот на УСАИД Дик Голдман. При потпишувањето американкиот амасадор во нашава земја Лоренс Батлер, изјави:

„Денешниот ден немаше да се случи да не беше напорната работа и раководството на министерот Гошев. Како што знаете, кога Македонија немаше договор со ММФ и нивната делегација замина без договор, ние, како и другите донатори – ја замрзнавме нашата помош. Со потпишувањето на овој договор ќе се овозможи парите од американските банкарски сметки да се префрлаат на сметките во Република Македонија што е витален чекор за финализација на договорот со ММФ. Како што му реков на министерот минатата недела, имаме дванаесет милиони причини зошто ја поддржуваме оваа земја. Затоа денеска и потпишавме меморандум за 12 милиони долари. Очекуваме уште 4-5 милиони долари за еден или два месеца. Ние ќе ги исполниме нашите ветувања дадени на донаторската конференција. Се ова е дел од економската зимска офанзива. Пролетната се уште не е пристигната,“

рече американскиот амбасадор Лоренс Батлер.

Со потпишувањето на овој меморандум имено помошта што САД иа доделија на Македонија за време на донаторската конференција ќе биде одмрзната и префрлена во земјава.
XS
SM
MD
LG