Достапни линкови

logo-print

Од работници - надничари


Кај газди кој нелегално ги купија објектите, сеуште ги немаат подмирено своите обврски, не тераат да работиме прва, трета, па втора смена, за дневна надница од 3 евра без платени придонеси за пензиско и здраствено осигурување, ние работиме бидејки друга алтернатив немаме вели првиот синдикалец на штипска „Македонка“ Доне Димовски. Во а.д „Предилница“ од 600 сега работат само 50 вработени додека во постелнина од 150 на работа се повикани само десет надничари.

„Од 2.475 вработени, во „Македонка“ работат околу стотина и тоа нелегално, без пријавување и одјавување во Заводот за вработување, така што тие луѓе работат како надничари со 180 денари надница“.

Министерството за економија за месец јуни најави распишување на трет тендер за продажба на а.д „Ткаенини“ и а.д „Предилница“, друштва што произлегоа од штипска „Македонка“. Синдикатот во оваа компанија реагира, нема да дозволиме владата да распише нова продажба додека не се испитаат понудите од претходната.

„Владата сака да распише трет тендер за ткаечница и предилница, меѓутоа, докрај не се испитани поднесоците на партнерите кои конкурираа на вториот тендер. Кога ќе се распише тендер, владата ќе се соочи со тужби од страна на партнерите“.

И трагедијата да биде поголема нема кај кого да се обратиме. Повеќе не сме интересни. На која врата да тропнеме никој не ни отвара

„Отидовме кај премиерот врз основа на испратените пет факс-пораки дека бараме средба со него, меѓутоа, таа средба не се оствари. Бевме препратени во министерството за економија каде што ни беше кажано дека ќе не прими министерот Филиповски. Меѓутоа, за жал и тоа не се случи“

Опасно е што со криминалот во „Македонка“ и ова влада не сака да се справи, за законот за загубарите веЌе се изјасни дека нема да даде зелено светло, а пак од друга страна ние многу време за чекање немаме.

„Ќе преземеме мерки, односно ќе направиме штрајкови. А во која мера, на кој начин и како тоа ќе го правиме, тоа ќе го видат надлежните“

Вработените во „Македонка“ законската опремнина ќе ја примаат до месец јуни. По овој период 2476 вработени остануват без приходи. Во моментов веќе кај 800 од нив надоместокот е веќе завршен и истите преживуваат, само тие знаат како.
XS
SM
MD
LG