Достапни линкови

Пекинг: Кина ги повика САД на директни разговори со Северна Кореа


Кина денеска ги повика Соединетите држави да започнат директни разговори со Северна Кореа, за да се разрешат тензиите околу нуклеарната програма на Пјонгјанг. ,,Санкциите само би ја искомплицирале ситуацијата,, изјави кинескиот министер за надворешни работи Танг Џиасуан. Кинескиот министер истакна дека го ,,поддржува укинувањето на нуклеарната програма на Корејскиот полуостров, за да се задржи мирот и стабилноста во регионот“.
XS
SM
MD
LG