Достапни линкови

Газа: 11 Палестинци загинаа во напад на израелските трупи


Најмалку 11 Палестинци загинаа, а повеќе од 100-тина се повредени во денешниот напад на израеслката армија, врз еден палестински бегалски камп во Појасот Газа. Според сведоците, колона израелски тенкови претходно го опколиле, а потоа отвориле оган врз бегалскиот камп Џабалаја, во кој живееат околу 90 илјади палестинци. Денешната акција на израеслките трупи, дојде по вчерашниот самоубиствен бомбашки напад, кој се случи во автобус во израелскиот град Халифа, при што загинаа 15 лица, а повеќемина беа повредени.
XS
SM
MD
LG