Достапни линкови

Отворени вратите за мисијата на ЕУ во Македонија


На 14 март спогодбата Берлин плус ќе се финализира со потпис на договорот меѓу генералниот Секретар на НАТО Џорџ Робертсон и Министерот за надворешни Работи на грција Јоргос Папандреу земја претседавач со Унијата, со што се отвора вратата за преземање на НАТО мисијата Сојузничка Хармонија од страна на Евроспките сили во Македонија. Ова за Радио Слободна Европа во потврди македонскиот амбасадор во НАТО Нано Ружин.

„После тоа следи уште едно известување на Македонија од страна на претстедателот Трајковски за позицијата на Република Македонија дека е подготвена да ги прими силите на ЕУ и дека сите технички детали се завршени. Може да се очекува некаде во април месец да дојде до трансформација на силите на НАТО со ЕУ сили.“

И преставниците на ЕУ во нашата земја потврдуваат дека главна причина зошто евро силите нема да пристигнат кон половината на овој месец како што се најавуваше се текничките детали меѓу НАТО и ЕУ

„Преговорите околу текничите договори околу аранжманот Берлин плус сеуште се во тек и мора да се постигне тој договор за да може да се примопредаде мисијата навреме,“

изјави портпаролот на ЕУ во Македонија, Ирена Ѓузелова.

За македонскиот амбасадор во НАТО Нано Ружин, преземањето на командата од страна на сили на ЕУ нема да ја одалечи Македонија од НАТО алијансата.

„Доаѓањето на силите на ЕУ ќе има исто така одреден придонес дека Македонија на еден начин станува дел на европското семејство, а да не заборавиме и дека повеќето евроспки земји се членки на НАТО. Инаку, НАТО и натаму останува стратешка определба на Македонија.“
XS
SM
MD
LG