Достапни линкови

Двајца загинати од полскиот контингент на НАТО


Експлозијата што се случи вчера доцна попладне во која животот го загубија двајца припадници на НАТО од полскиот контингент, Пјотр Микулски и Павел Легенски, во алијансата ја оценуваат како несрекен случај.

„Знаете со оглед на околностите може да се каже дека тоа е несреќа. Се разбира ние ќе спроведеме истрага за да видиме во кои околности се случила експлозијата која резултираше со смрт на двајца војници на НАТО и двајца повредени,“

изјави портпаролот на алијансата Крег Ратклиф кој информира

„Ќе има парлалелна истрага. Одгоговорност во истрагата ќе има и македонската полицијата која ќе ја спроведува вообичаената постапка. НАТО исто така ке ги употреби своите процедури да ја открие причината за несреќата.“

Инаку во експлозијата што се случи на македонска територија во пограничниот дел кон Србија повредени се и тројца македонски државјани кои се здобиле со повреди во нозете и градниот кош. Станува збор за Крум и Милева Кипријанови што претходно војниците на НАТО ги зеле во нивниот џип за да ги префрлат до нивното село како и преведувачката Полимена Филипова. Повредените синоќа се префрлени во Хируршкиот центар во Скопје.
XS
SM
MD
LG