Достапни линкови

Вашингтон: САД идната недела ќе одлучат кога ќе поднесат нова резолуција до ОН


Соединетите држави во текот на идната недела ќе одлучат кога ќе ја поднесат новата резолуција која треба да овозможи употреба на сила против Ирак, пред Советот за безбедност на Обединетите Нации, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел. Прво ќе почекаме на извештајот на шефовите на инспекторскиот тим, кој треба да биде поднесен во петок, додаде Пауел. Во истовреме, Америка ја остава отворена можноста, доколку не ја добие потребната подршка, да не побара изгласување на нова резолуција. ,,Изгласувањето е пожелно, но не и неопходно,, изјави портпаролот на Белата куќа Али Флејчер.
XS
SM
MD
LG