Достапни линкови

Пекинг: Почна кинескиот народен конгрес


Во Палатата на народот, на плоштадот Тјенанмен, во присуство на три илјади пратеници, Кина го започна годишното заседание на народниот конгрес. На конгресот кој ќе трае до 18 март, ќе биде избрано новото раководство на земјата, како и нов претседател на Кина. ,,Кина мора поенергично да ги започне реформите во земјата, и што повеќе да се отвори кон светот,, изјави кинескиот премиер Жу Ронгџи, отварајќи го годишното заседание на Кинескиот народен конгрес.
XS
SM
MD
LG