Достапни линкови

logo-print

Белград: Србија го прифати предлогот на Штајнер


Владата на Србија ќе го прифати предлогот на цивилниот администратор на Косово Михаел Штајнер, за отпочнување официјални разговори, меѓу Белград и претставниците на УНМИК и косовските привремени инстиуции, изјави советникот на српскиот премиер, Зоран Џинџиќ. По предлогот на Штајнер, кој предвидува разговори за практични прашања од интерес на двете страни, денеска и Косовската влада ќе го дефинира својот став. Разговорите, како што истакна Штајнер ќе започнат идната недела во Приштина, а ќе се водат наизменично и во Белград.
XS
SM
MD
LG