Достапни линкови

logo-print

Воената интервенција на САД во Ирак се поизвесна


Соединетите држави сметаат дека остапките на Багдад не се доволни да ја запрат воената интервенција, иако претседателот Буш се уште не дал наредба за напад врз Ирак. Во регионот на Заливот испратени уште 6 носачи на авиони. Багдад со одговор дека намерата на Вашингтон не е мир и разоружување туку доминација и колонијализам.

Вашингтон смета дека повремените отстапки на Багдад не се доволни да го запрат одбројувањето до евентуалната војна. Портпаролот на Белата Куќа Ари Флеичер.

„Ние не видовме целосно разоружување. Ние не видовме разоружување - веднаш. Ние не видовме ништо од она што го побара Советот за Безбедност на Обединетите Нации, освен кога под притисок Садам Хусеин ќе најдеше нешто за што претходно тврдеше дека не постоји и кога ќе уништи мал дел од тоа за кое велеше дека го нема.“

Во Обединетите Нации пак, Вашингтон чека брза одлука - гласање на Советот за Безбедност идната недела откако инспекторите за разоружување ќе го поднесат следниот извештај. По конуслтациите со дел од амбасадорите во Светската Организација, американскиот преставник во Њу Јорк Џон Негропонте изјави дека нема потреба и натаму да се расправа за едноставната и дирекна резолуција.

„Нашиот став останува дека Ирак едноставно не соработува целосно и безусловно согласно резолуцијата 1441. “

Ирачкиот заменик премиер Тарик Азис во интервју за германската А-ЕР-ДЕ телевизија рече дека намерата на Соединетите држави е да го манипулираат и доминираат целиот свет.

„Нивниот концепт против Ирак не е мирот , не е разоружувањето. Тие имаат колонијален концепт за окупација на Ирак за користење на ирачките богатства за нивните алчни цели.“

Воените експерти ,од своја страна, оценуваат дека одбивањето на турскиот парламент да дозволи стационирање американски војници во земјата ја компликува ситуацијата и ке ја одложи војната за најмалку две недели, бидејки Вашингтон останува без планираниот северен фронт против Ирак. Соединетите држави во меѓувреме испратија во регионот на Персискиот залив уште 6 носачи на авиони, меѓу кои и носачот Нимиц. Тие, како што е соопштено, ќе им се приклучат на 220-те илјади американско- британски сили подготвени во Заливот за можната воена кампања за разоружување на Ирак.
XS
SM
MD
LG