Достапни линкови

Лондон: Посета на Игор Иванов


Шефот на руската дипломатија Игор Иванов денеска во Лондон ќе разговара со својот британски колега Џек Строу за ирачката криза. Посетата доаѓа во моментот кога Британија и САД бараат поддршка за нивната резолуција за воена интервенција, а постојаните членки на Советот за безбедност на ОН Русија, Франција и Кина не ја исклучуваат можноста од вето, бидејќи сметаат дека инспекцијата на ирачкото оружје треба да продолжи.
XS
SM
MD
LG