Достапни линкови

Њујорк: САД очекуваат гласање во ОН веднаш по објавувањето на извештајот на инспекторите


Соединетите Американски држави очекуваат дека Советот за Безбедност ќе гласа за резолуцијата за воен напад врз Ирак веднаш откако меѓународните инспектори за оружје ќе го поднесат својот извештај, изјави американскиот амбасадор во светската организација Џон Негропонте. Наш став е дека нема потреба од расправа за така едноставна и директна резолуција, рече тој. Инаку, советот на седница в петок Ќе биде запознаен со најновите активности на инспекторите.
XS
SM
MD
LG