Достапни линкови

Македонија работи на закон за собирање на нелегалното оружје


По примерите на Хрвтаска и Албанија македонската влада во соработка со прогармата за развој на Обидентитетите Нации го подготвува долгоочекуваниот закон за собирање на нелегалното оружје во земјава што треба да и претходи на акцијата за разоружување.

„Тој закон ќе има 12-тина члена, ќе видиме до крајот во која верзија ќе излезе. Организацијата ИМБТ има веќе искуство во спроведување вакви проекти коишто подразбираат поширока кампања за спроведување на законот. Пред да биде поставен на влада законот треба да помине низ неколку министерства.“

изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска. Таа прецизира постојат два модела за разоружување, оружје за надомест и оружје за инфраструктура

„Во моментов се разгледуваат сите опции, меѓутоа во моментов најмногу се разгледува оружје за инфраструктура, односно општоините од каде што ќе биде собрано оружјето да добијат соодветна инфраструктура во зависност од потребите на општината.“

Моделот оружје за инфрастукрура ја има подршката и на Европската Унија која е подгортвена својата финансиска помош да ја насочува во средините што ќе предатат најголем дел од нелегалното оружје

„Дистрибуцијата на фондовите за развој ќе зависи од тоа колку успешно одредени региони во собирањето на оружјето,“

вели портпаролката Ирена Ѓузелова. Проектот на програмата за развој на Обединетите Нации предвидува медиумска кампања и конкретна акција за собирање на оружјето во траење од 40-тина дена. Целата операција треба да ја набљудува ОБСЕ, а армијата би ја имала улогата на подршка и превенција на евтуални проблеми. Она што проектот исто така го предвидува е и нов закон за амнестија односно гаранции дека сите што доброволно ќе го предадат оружјето нема да бидат кривично гонети.
XS
SM
MD
LG