Достапни линкови

Нема паралелна политика


Коалициските партнери СДСМ и ДУИ не водат паралелна политика било тоа да е во меѓунароната или внатрешна политика на земјата е ставот на двете најголми политичкии партии кои ја сочиуваата владината коалиција.

Посетите во Србија и Црна Гора на дел од министрите членови на СДСМ, потоа средбата во Подградец на Албанските лидери од Македонија, Албанија и Косово, посетата на министерот Бучковски во Приштина, а сега паралелно најавените посети на лидерот на ДУИ Али Ахмети и Министерот за Внатрешни Работи Хари Косотов во Белград и Приштина ги поттикнаа дилемите дали коалициските партнери водат паралелна политика или пак се работи за нешто друго.

Портпаролот на СДСМ Игор Ивановски со став:

„Станува збор за политика која што е интегративна, станува збор за повеќе посети кои имаат за цел потврдување за обидите за стабилизација во Република Македонија и пошироко во регинот.“

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во Приштина не оди како одговор на посетата на министерот за одбрана Вадо Бучковски вели портпаролот на ДУИ Ермира Мехмети. Ахмети во Приштина ќе се сретне со локалните албански лидери и цивлиниот администратот на ОН на Косово Михаел Штајнер ќе разговара за актуелната безбедносна сосотојба во Регионот .

„Разговораат околу актуелната безбедносна ситуација во регионот и да разменат свои мислења што се развиваат, а се секојдневна грижа за двете земји.“

Коалициските партнри не водат никаква паралелна политика вели Мехмети

„Партнерите функционираат како партнери, меѓу нив секогаш има координација. Целта на овие средби секогаш е градењето на стабилноста и добрососедските односи.“

Но така не мисли и најголемата опозициска партија ВМРО ДМПНЕ:


„Паралелноста на политиката на СДСМ и ДУИ е повеќе од очигледна, меѓутоа го гледаме тоа лицемерие и мислам дека тоа нема да помине така лесно пред македонските граѓани,“

изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.
XS
SM
MD
LG