Достапни линкови

Македонија земја со најскапи лекови во Европа


Македонија е земја со најсакапи лекови во Европа. Само за примери, ако аспиринот на Баерн произведен во Словенија чини два пати повеќе од истиот произведен во Грција и ако на ова се додаде неколку пати понискиот стандард што го имаме во однос на јужниот сосед ситуацијата драматично се влошува во поглед на средствата што треба да ги издвои македонскиот граѓанин за покривање на потребите за лекови.

„На пример, стеронот. Овде три до четири пати поскапо се продаваат лековите во однос на Грција. Замислете, тие жени што се лечат од стерилитет мораат да плаќаат четири пати поскапо“.

тврди сопственикот на веледрогеријата зегин Благоја Механџиски. Првиот човек на бирото за лекови Илчо Захариев потврдуива дека во Макеоднија се продаваат најскапи лекови но додава, вината не е во законот.

„Нашиот закон дефинира еден сегмент – дека освен на генеричните лекови, односно лековите што се на службената листа на лекови, цените на сите други лекови се формираат слободно. Мислам дека таквата формулација во законот им даде шанса на голем број субјекти во земјата кои се занимаваат со промет на лекови да ги формираат цените од ракав, како што им одговара ним“.

Според Механџиски чаре за надминување на проблемот тешко дека ќе се изнајдат во блиска иднина со оглед на личните интереси на поединци и големите финансиски средства што се вртат во овој бизнис.

„Јас сум во оваа работа од 1974 година и можам да ви кажам дека тоа тешко се искоренува. Секој што ќе ја фати дојката, не ја испушта лесно“.

Според Захариев, увозот налекови е регулиран со закон, законот во целост се почитува, а Македонија не може да се увезувааат лекови од било која земја од чисто практични причини.

„Ние мораме да контролираме. Да речеме, во Грција фабриката не е испитувана од наша страна, не поминала постапка за регистрација и ние не можеме да веруваме дали таа технологија одговара, дали стручниот кадар е соодветен и дали крајниот производ е квалитетен“.

Макдонија до пред една недела беше и земја со најмногу регистрирани веледрогерии по глава на жител. Ниските критеруими и личните интереси посебно на директорите на медицинските центри беа главните виновници за големиот број на постоење на веледрогерии.

„Тој ќе ја поскапи стоката за 30 до 50 отсто и директорот на име на некој внук или на некој трет пријател регистрира веледрогерија, и годишно, додека е тој директор, си делат по 50 илјади марки“

„Значи, секој стан можеше истовремено да биде место за живеење и веледрогерија. Од стручен кадар се бараше фармацевт, а никој не водеше контрола дали тој навистина е фармацевт и дали постои во таа веледрогерија“.


Со последната задолжителна пререгистрација бројот на веледрогериите од 176 се намали на 48.
XS
SM
MD
LG