Достапни линкови

Потребна сеопфатна општествена акција


Малолетните лица не можат да се заштитат со закон, потребна е една сеопфатна општествена акција, вели народниот правобранител Бранко Наумовски

„Ова прашање за комплексно да се разгледа би требало да седнат сите оние органи коишто би требало да го решат прашањето од институциите што се занимаваат со предшколско образование до органите пто треба да извршуваат забрана или репресеија ако таа е потребна.“

Наумовски смета дека за да се реши ова прашање потребно е да се формира една работна група која ќе ја разгледа од сите аспекти заштитата на малолетните и врз основа на тоа да заклучи дали е потребен нов закон или да се интервенира во законите од различни области.

„Нашите закони ги регулираат прашањата за малолетниците. Тоа се многу закони кои ја регулираат оваа материја.“

Во контекст на заштитата на маолелетните Министерството за внатрешни работи започна засилени активности за контрола на работата на угостителските објекти, а оттаму доага и најавата за изработка на закон за нивна заштита. Државниот секретар во МВР Раде Јовановски е категоричен дека министерството ќе го почитува законот и објаснува дека има законска обврска да се санкционираат само угостителите

„Немаме законска обврска да ги санкционираме малолетниците, туку ги санкционираме угостителите.“

Сопствениците на локалите сметаат дека малолетните не можат да се заштитат со закон, тие се со различни размислувања за најавените засилени активности на министерството

„Рациите што ги спроведува МВР тие сега бараат кривица кај други. Децата не се криви, туку луѓето од МВР кои дозволија да има толку дрога и алкохол и било што, што се случува мислам дека е виновна државата. Ние во наше време немаше ниту алкохол, ниту тепачки, ништо.“

„Сметам дека се оправдани акциите на МВР поради тоа што има голем криминал, голем број на оружје, па така со овие рации тоа ќе може до некаде да се спречи.“

Инаку засилените активности на министерството и најавите за донесување на закон за малолетни лица следуваат по неодамнешното убиство на средношколецот Марио.
XS
SM
MD
LG