Достапни линкови

Документите што ги обелодени ВМРО-ДПМНЕ за полициска истрага


Презентираната видеокасета со снимениот исказ на Петрит Аме даден во 1997 година во кој тој ги признава криминалот и поврзаноста со тогашната власт на социјалдемократите во нашата кривична постапка нема валидност, но тоа треба да биде предмет на полициско истражна постапка, вели адвокатот и поранешен јавен обвинител Стеван Павлевски. Тој објаснува дека ова претставува основа на сомнение дека нешто случило и дека тоа треба да биде основа за идно оперативно постапување

„Сета оваа работа треба да биде во рамките на МВР. Тука би требало да се направи постапка на вештачење, колку е веродостоен гласот, колку е веродостоен текстот, кога тие работи по систем на елиминација ќе се утврдат тогаш се оди понатаму дали има сомнение за она што се кажува во текстот и дали има докази. Значи, претстои една тешка и макотрпна работа која што е многу неизвесна за докажување.“

Во случај да се докаже веродостојноста на презентираниот материјал Павлевски вели дека јавниот обвинител е должен да ја продолжи постапката

„Доколку има основано сомнение, тогаш јавниот обвинител нема избор туку тој е должен да постапува и во кривична постапка да ги обезбедува идните докази, другите докази, квалитетни докази. Значи, дали лицата коишто се споменуваат на оваа касета навистина учествувале и кои се доказите. Заклучок што правило се изведува во постапка пред суд и истражен судија.“

А за кои лица ќе бидат поднесени кривични пријави според адвокатот Павлевски, оценува Министерството за внатрешни работи

„Прашањето на поднесување кривични пријави е едно, а понатаму поведувањето на кривична постпка е друго. Во МВР понатаму оценуваат кој од нив е сомнителен и против кого треба да се поднесе кривична пријава. Јавниот обвинител е втриот во тој регистар на надлежни којшто ги оценува доказите и може некое од тие пријавени лица да не го прифати, а може и да го прошири тој список.“
XS
SM
MD
LG