Достапни линкови

Москва: Русија го поздравува уништувањето на ракетите Ал Самуд 2


Русија ја поздравува ирачката акција за уништување на забранетите ракети Ал Самуд 2, изјави рускиот претседател Владимир Путин, во рамки на официјалната посета на Бугарија. Путин денеска во Софија оствари средба со бугарскиот претседател Георги Прванов, на која станало збор за политичките и економските односи меѓу двете земји. Ирачката криза пак, ќе биде главна тема на разговорите, меѓу рускиот претседател и бугарскиот премиер Симеон Саксобурготски.
XS
SM
MD
LG