Достапни линкови

Анкара: Турскиот парламент не прифати разместување американски војници


Турскиот парламент не ја изгласа одлуката на Владата, во земјата да бидат разместени 62 илјади американски војници, кои би учествувале во евентуалната воена акција врз Ирак. Турскиот премиер Абдула Ѓул изјави дека Владата и земјата поминуваат низ „критичен период“. За денеска е закажана средба на турските политички лидери, на која, по негативната одлука на парламентот ќе се договараат „следните чекори“.
XS
SM
MD
LG