Достапни линкови

Ирачката криза може да го наруши кредибилитетот


Ирачката криза го доведува во прашање кредибилитетот на Советот за Безбедост на Обединетите Нации поради притисоците од двете спротивставени страни. Какви се долгорочните консенквенци доколку таквата ситуација продолжи. Брз напад врз Ирак, според посматрачите, би ги намалил евентуалните штети врз Светската Организација.

Во овој момент длабока е поделеноста во Советот за Безбедност на Обединетите Нации. Соединетите држави, Британија и Шпанија ја спонзорираат новата резолуција сметајки дека Ирак ја пропушти шансата за мирољубиво разоружување.Франција подржана од Германија и Русија поднесе меморандум за продолжување на инспекцијата на Обединетите Нации за ирачкото оружје за масовно уништување. Повеќето преставници во Светската Органзиација, пак сметаат дека Советот треба да донесе единствено решение за ирачката криза. И додека траат дебатите, Дејвид Шефер, поранешен американски дипломат и актуелен претседател на Асоцијацијата на Обединетите Нации, вели дека не е фер од двете страни да се суди за релевантноста на Советот за тоа како се однесува во моментов.

„Тој се однесува многу релевантно во оваа криза. Воспоставена е дисциплина во донесувањето на одлуките што ја покажува неговата релевантност. Меѓутоа доколку продолжи немирната атмосфера на огорченост, долгорочно гледано кредибилитетот на Советот би можел да биде доведен во прашање.“


Советот може тоа да го одбегне доколку се однесува по силно како во 1990 година, вели Џејмс Филипс од Херитаџ фондацијата која ја подржува политиката на Бушовата администрација кон Ирак.

„Доколку Обединетите Нации не успеат да ги реализираат сопствените резолуции тогаш постоји закана да станат пропадната институција и тоа е ризикот. Франција се наметнува во Обединетите Нации.“

Сепак, експертите за Обединетите Нации велат дека Соединетите држави и натаму се обидуваат да добијат подршка за акција против Ирак бидејки постоји потребата, Светската Организација да помогне за други прашања, како што е пост-конфликтната реконструкција на земјата. Некои дипломати велат дека ситуацијата потсетува на 1999-тата година кога се интензивираше Косовската криза. Во тоа време постоеше закана од руското вето во Советот за Безбедност што ги натера Соединетите држави да лансираат воздушни напади врз режимот на Слободан Милиошевиќ во рамките на Нато. Некои тогаш го креваа гласот дека на тој начин е доведена во прашање легитимноста на Обединетите Нации. Но кога кампањата заврши Обединетите Нации воспоставија протекторат врз српската провинција. Евентуална брза кампања врз Ирак, според посматрачите, може да го поштеди Советот за безбедност од натамошни штети.
XS
SM
MD
LG