Достапни линкови

Багдад: Започнаа разговорите за уништување на ракетите Ал Самуд 2


Претставниците на Обединетите Нации и на Ирак, започнаа изутринава разговори, околу планот за уништување на забранетите проектили Ал Самуд 2. „Час и половина по започнување на дијалогот, разговорите се одвиваат добро и најверојатно уништувањето на ракетите ќе започне денеска,“ изјави портпаролот на ОН. Шефот на инспекторскиот тим за разоружување на Ирак, Ханс Бликс, синоќа на членовите на Советот за безбедност на ОН, им го достави тримесечниот извештај за ирачкото разоружување.
XS
SM
MD
LG