Достапни линкови

Безедносната ситуација стабилна и под контрола


Безбедносната ситуација во Македонија е стабилна и под контрола на надлежните органи иако има поединци и групи кои се нараекуваат како АНА, оценето е на синоќешната средба на членовите на советот за Безбедност.

„Советот за безбедност предлага надлежните органи да продолжат да ги преземаат сите неопходни мерки за натамошно зајакнување на стабилноста на државата со што ќе се придонесе за враќање на внатрешно раселените лица и понатамошно градење на мерките за доверба,“

изјави портпаролот на претседателот Борјан Јовановски. За Агрон Буџаку надворешен член на Советот битно е:

„Тие немаат поддршка од населението и немаат таков потенцијал што би го загрозил мирот и стабилноста во државата.“

Во врска со судбината на исчезнатите и киднапирани лица за време на воениот конфликт во земјава Советот го подржа предлогот за формирање мешовита владино-собраниска комисија за расветлување на случајот со киднапираните.

„Се мислеше со оваа комисија да се прошири, да се вклучи и собранието во пронаоѓање на вистината за исчезнатите лица и да се најде начин за поефикасно да се дојде до вистината,“

вели Буџаку. Што се однесува пак на можните импликации врз Македонија од евентуалната воена интервенција врз Ирак Националниот Совет за Безбедност со предлог:

„Заради зачувување на националните цели и интереси надлежните органи да ги преземат сите неопходни мерки за пресретнување на можен бегалски бран, нафтена криза и спречување на можните меѓународни терористички акти,“

изјави портпаролот Јовановски.
XS
SM
MD
LG