Достапни линкови

Каиро: Обединетите арапски емирати бараат Хусеин да го напушти Ирак


Обединетите арапски емирати, побараа од ирачкиот претседател Садам Хусеин да си замине од власта и да го препушти Ирак под управување на Арапската Лига и Обединетите Нации. Претставникот на емиратите шеикот Ал Нахјана, во рамки на самитот на арапските лидери кој се одржува во Египет, побара од Хусеин ,,во рок од две недели да го напушти Ирак и да ја предаде власта“.
XS
SM
MD
LG