Достапни линкови

Прага: Чешкиот парламент по трет пат бира претседател


Чешкиот парламент денеска по трет пат ќе се обиде да избере нов шеф на државата откако на втори овој месец, по тринаесет години, му истече последниот мандат на претседателот Вацлав Хавел. Во трката се: опозициониот лидер Вацлав Клаус и малку познатиот поранешен министер за образование Јан Сокол кој е поддржан од владејачката коалиција на премиерот Владимир Шпидла.
XS
SM
MD
LG