Достапни линкови

Подготовки за доаѓање на евро мисијата


Запознавање на Македонското раководство со подготовките за доаѓањето на новата евро мисија во нашава земја како и нацрт верзијата на СОФА договорот што треба да ја обозможи правната рамка на престојорт на евро силите се главни теми на разговорите што некогашниот висок функционер на НАТО а сега на ЕУ Питер Фејт и генералниот директор на воениот штаб на Унијата генерал Шуберт ги водат во Скопје.

„Ќе разговараме за СОФА договорот јас го донесов нацрт документот , не гледам дека би можело да има некои посебни проблеми и мислам дека Владата по однос на ова ќе онесе оодветни заклучоци“

изјави Фејт .

За ова Фејт и Шуберт разговараа со претседателот Трајковски , министерката за Надворешни Работи Митрева , Министерот за Одбрана Владо Бучковски а претходно и со премиерот Бранко Црвенковски а во придружба на евро пратеникот Алексис Брунс и со лидерот на ДУИ Али АХмети .
Доколку Македонското раководство даде начелна согласност на СОФА договорот експертските тимови треба да ги допрецизираат детаљите на документот што ќе ја даде правната рамка за певземањето на миијата од НАТО силите .

Во Брисел пак Подготовките се во тек, а датата за пристигнување на евро-силите во Македонија и натаму останува март велат опреставници на ЕУ во Македонија. Тоа го потврди и генералниот директор на менаџментот за кризи на ЕУ Питер Фејт

„Можам да ви кажам дека соработката меѓу НАТО и ЕУ е одлична . Наскоро ќе имаме заедничи состанок на кои ќе ги допрецизираме сите детаљи,“

рече Фејт.
XS
SM
MD
LG