Достапни линкови

Економија: Цената на нафтата на највисоко ниво од војната во заливот


Цената на нафтата на светските берзи денеска се искачи на највисоко ниво од војната во Заливот. Еден барел нафта се продава за 38.22 долари, половина долар повеќе од вчера, а нешто помалку од три долари под рекордната цена од 41 долар за барел што беше постигната во Октомври 1990-тата пред војната во Персискиот залив. Цените на нафтата веќе неколку недели се движат во нагорна линија поради стравот дека војната во Ирак ќе предизвика недостиг од нафта.
XS
SM
MD
LG