Достапни линкови

Њујорк: Анан го предаде новиот план за обединување на Кипар


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан, им го предаде на кипарските Грци и Турци, новиот план за обединување на Кипар и постави рок од една недела за да се изјаснат по планот. Без оглед што расне можноста, планот за обединување на поделениот медитиреански остров да не биде прифатен, Анан е оптимист дека ќе се постигне договор. Обединетите нации соопштија дека се подготвени да го поместат крајниот рок за постигнување договор кој истекува на 28 февруари, но не премногу.
XS
SM
MD
LG