Достапни линкови

Констатирани одредени разлики за Акциониот план на владата


На синоќешната средба меѓу лидерите на СДСМ и ДУИ Бранко Црвенковски и Али Ахмети на која бил разгледан акциониот план на владата констатирани се одредени разлики, потврди за Радио Слободна Европа портпаролот на СДСМ Игор Ивановски

„Отворени се одредени прашања и дијалогот оди во насока на усогласување по прашањата за коишто во моментов е констатирана одредена разлика. Меѓу нив, претпшоставувам дека се најбитни се употребата на јазиците на заедниците во Собранието, изгледот на пасошот, можноста за пренос на собраниските седници на треттиот канал на МТВ на јазиците на етничките заедници“.

Разгоговорите продолжуваат понатаму и нема конкретни заклучоци вели тој:

„Она што е позитивен показател е тоа што постои и позитивна атмосфера, и конкретни насоки за брзо затворање на прашањата за коишто претходно говорев“.

Како можен компромиси, за решавање на овие прашања се спомнува споменува варијантата, албанскиот да не биде на корицата на пасошот, туку на третата страна, а за возврат албанскиот да може да се користи и за претседавање со собраниските седници.
Преставниците на Меѓународната Заедница во Македонија пак демантираат дека предлагале компромисот да се изнајде во трампа, употребата на албанскиот јазик во Собранието за законот за патни исправи.

„Едноставно ова се прашања кои треба да се решат меѓу потписниците на рамковниот договор ние не сме тука да диктираме кое да биде решението, тука сме само да го олеснуваме процесот на имплементирање на договорот. Ова е нешто што треба да го договорат потписниците од Охрид,“

изјави портпаролот на ЕУ во Македонија Ирана Ѓузелова.
XS
SM
MD
LG