Достапни линкови

Кувајт: Четворица загинати при уривање на американски хеликоптер


Американски хеликоптер од типот ,,Блек Хок,, се урнал во северозападниот дел на Кувајт, при што загинале сите четворица членови на екипажот. Американски армиски претставници соопштија дека несреќата се случила изутринава, по ноќешниот тренинг лет, како и дека причините за несреќата сеуште се испитуваат. Војниците кои загинаа во несреќата се дел од американските воени трупи стационирани во Кувајт, за можната воена интервенција врз Ирак.
XS
SM
MD
LG