Достапни линкови

logo-print

Сеул: Ро Му Хјун деветти претседател на Јужна Кореа


Некогашниот борец за човекови права Ро Му Хјун, денеска е инаугуриран за деветти претседател на Јужна Кореа. Свечената церемонија во Сеул, помина во знакот на неодамнешната несреќа во која повеќе од 130 лица го загубија животот во пожарот во едно метро, како и поради кризата со Северна Кореа. ,,Сомнежот дека Северна Кореа развива нуклеарно оружје претставува закана за светскиот мир. Сепак мојата политика спрема Северна Кореа ќе биде ,,мир и просперитет,,истакна новиот претседател на Јужна Кореа.
XS
SM
MD
LG