Достапни линкови

Фундаментализмот создава нетолеранција


Џери Фалвел, американски христијански свештеник неодамна предизвика бура од негодувања по интервјуто на една телевизија во САД. Зборувајќи за муслиманските автори, тој изјави дека пророкот Мухамед е „насилен човек, предизвикувач на војни.“ Тој додаде:„Мислам дека Мухамед е терорист.“

Следуваа жестоки реакции. Еден ирански свештеник побара смрт за Фалвел. На протестите во Бомбај, поради изјавата на Фалвел загинаа пет лица, откако тие се претворија во насилни.

По ова Фалвел се извини, изјавувајќи дека згрешил. Некои муслимански лидери јавно го прифатија извинувањето и инцидентот изгледаше завршен.

Но, погледите што ги застапува Фалвел се раширени во Соединетите држави меѓу групата позната како „Христијанско право“, политичко тело на протестантите. Френклин Грем, син и наследник на светски познатиот евангелист Били Грем го нарече исламот „многу опасна и извртена религија.“ Пет Робертсон, основач на христијанската коалиција, блиска на републиканската партија на американскиот претседател Џорџ Буш потенцира „да се мисли дека исламот е мирољубива религија е лажно.“

Во муслиманскиот свет некои идеологии исто така проповедаат нетолеранција на останатите религии. Терористите на Ал Каеда, виновни за нападите од 11-ти септември и талибанските водачите на Авганистан се примери за тоа.

Аналитичарите се повеќе ги обележуваат истапите на припадниците на двете религии како фундаменталистички. Епитетот е непрецизен.

Џон Еспозито, директор на центарот за разбирање меѓу мислиманите и христијаните на Џорџтаун Универзитетот во Вашингтон смета дека фундаменталистите од различни религии имаат една заедничка работа. Тие се сигурни дека се во право

„Мислам дека таму каде што може да се споредува, ако погледнеме во реалноста на, да речеме, исламските, христијанските и еврејските фундаменталисти денес, тие имаат конзервативен поглед на светот што зависи од нивната традиција. Нивниот поглед на светот е екслклузивистички: јас сум во право и ако јас сум во право, останатите грешат.“

Зборот фундаменталист за прв пат е употребен во 1922 година од американски новинар во текст за христијански фундаментализам кој поаѓа од тоа дека останатите верувања се грешни. Денес, терминот фундаментализам е проширен и на останатите религии, особено исламот. Боб Џонс од универзитетот во Саут Каролина го опишува христијанскиот фундаментализам

„Идеално христијански фундаменталист е оној што верува и ја брани библијата како апсолутен збор на господ и останува посветен на доктрината на светост.“

Еден од проблемите кои настануваат од начинот на кои фундаменталистите од било која религија се гледаат себе си е тоа што нивната ексклузивност води кон нетолеранција, смета Џон Еспозито. Според него, не сите фундаменталисти се екстремисти или милитанти. Но, до одреден степен сите се опасни. Тие застапуваат анти-плуралистички и нетолерантен поглед на светот. Дури и да не застапуваат екстремни ставови, нивните мисли може да бидат употребени од други фундаменталисти што според зборовите на Еспозито може да развие теологија на омраза.
XS
SM
MD
LG