Достапни линкови

logo-print

Ирак не ја почитува резолуцијата 1441


Во нацрт резолуцијата на Соединетите држави се констатира дека Ирак не е разоружан и дека со тоа ги крши резолуциите на Обединетие Нации. Американскиот претседател Џорџ Буш на прес конференцијата со шпанскиот премиер Хозе Марија Азнар во Тексас изјави дека станува збор за јасни и прецизни термини за тоа дека режимот во Багдад не ја почитува резолуцијата 1441 за разоружување. Џорџ Буш предупреди дека нема да чека два месеци новата резолуција да биде усвоена и оти тоа ќе преставува последна шанса за Советот за Безбедност да покаже дека е подготвен да го разоружа ирачкиот претседател Садам Хусеин.

„Ова е шанса за Советот за Безбедност да покаже дека е релевантен. јас верувам дека Советот тоа и ќе го покаже. “

Садам Хусеин ќе се претвара дека ќе се разоружа, вели американскиот претседател кој не верува во таквата намера. Во меѓувреме течат подготовките за евентуалниот воен напад врз Ирак. Соединетите држави се надеваат дека ке го започнат што поскоро распоредувањето на војниците во Турција. Вашингтон и Анкара постигнаа широк договор за ова прашање зачинет со економски пакет за Турција, меѓутоа се чека гласањето во турскиот парламент кое, според најавите ќе се случи во вторник. Пентагон соопшти и дека започнал тренингот во регионот на Заливот на бомбардерите БЕ-52 кои се способни да лансираат крстосувачки ракети. Во меѓувреме по изјавата на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мухамед Ел Барадеј дека Ирак не соработува целосно со инеспекторите за оружје и шефот на инспекоторите Ханс Бликс во изјава за магазинот Тајмс рече дека Багдад нема кредибилитет по прашањето за разоружување.
XS
SM
MD
LG