Достапни линкови

Македонија останува на ставот за двојно име


Прашањето за разликите со името со Грција беше предмет на разговорите на државниот врв на Македонија со меѓународниот посредник во грчко-македонскиот спор Метју Нимиц. Тој на денешната средба со претседателот Борис Трајковски, премиерот Бранко Црвенковски, министерот за надворешни работи Илинка Митрева и сеуште актуелниот преговарач за името Иван Тошевски изјави:

„Јас сум задоволен што со претседателот, премиерот, министерот за надворешни работи и со амбасадорот Тошевски се согласивме да продолжат разговорите во рамките на ОН. За претставникот кој ќе преговара одлучува владата и не сакам да коментирам за тоа,“

изјави Нимиц. Тој по подогло време вчера пристигна во земјава со намера да се запознае со политичкиот став на новата македонска влада за прашањето на името на нашата земја. Ставот на кабинетот на шефот на државата е дека Македонија останува на позицијата, двојна формула, едно име за употреба во односите со Грција, а за меѓународна употреба уставното име Република Македонија. Како што информираат од кабинетот за оваа позиција единствени се и шефот на државата и владата.
XS
SM
MD
LG