Достапни линкови

Против големодржавните идеи на Балканот


Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Албанија Хари Костов и Љуан Рама денеска во Охрид се договориле да се формира форум на министрите за внтарешни работи од двете земји кој би се состанувал на секои три месеци при што би се разговарало за соработката во овие сектори, каде има и заложба во иднина да се приклучат и ресорните министри од Србија и Црна Гора, Хрватска и други земји од регинот. Во оваа смисла би се разменувале искуства меѓу началниците на секторите на претставници од министерствата од двете земји во функција на заедничката борба против организираниот криминал, незаконското дејствување на границата, тероризмот и се што е против безбедноста и стабилноста во регионот, како единствен пат кон евро интеграциите.

„Постигнавме заедничка согласност дека било какви идеи на Големи Албании, Македонии, Србии се идеи од минатото и немаат никаква поддршка ниту во Република Македонија, ниту во Република Албанија и дека единствениот пат за двете држави е само патот кон ЕУ и НАТО ориентацијата, па во еден догледен период можеби сите ќе можеме да кажеме дека ќе бидеме жители на голема Европа,“

изјави македонскиот министер за внатрешни работи Хари Костов. На прашањето за членувањето и вклученоста на поранешни офицери на албанската армија во националниот фронт за обединување на Албанците, министерот Рама рече дека секој поединец кој настојува да е дел од силите што сакаат да ја саботираат сигурноста на регинот ќе биде гонет како терорист и криминалец.
XS
SM
MD
LG