Достапни линкови

logo-print

Гергана Начева, аналитичар во центарот за европски политички студии во Брисел. Дебатата околу датумот за влез на Македонија во ЕУ погрешна


Госпоѓо Начева вообичаено е и сосема човечки кога говориме за европските перспективи на Македонија да побараме некаква временска одредница, период по кој би можеле да се надеваме на членство. Може ли воопшто да се дискутира за временска рамка или дата?

Не верувам дека било кој во Европската Унија би се обврзал на одредување датум за такво нешто. Лично мислам дека дебатата околу датумите е погрешна дебата. Тоа го видовме во случајот со десетте земји што сега се поканети во унијата. Целата работа беше да се натера Унијата да се обврзе на датум. Лично не верувам дека тоа е вистинскиот пристап. Доколку вие можете да ја поднесете вашата кандидатура врз основа на вашите постигнувања, тоа би бил подобар начин, отколку сега да почнете да се пазарите со дати. Тоа само би ги нервирало сите, а сите говорат за долгорочни перспективи за земјите од Западниот балкан. Така што мислам дека малку е прерано да се говори за датуми, во моментов.

Го споманвте формалното поднесување на кандидатурата. Македонија тоа го направи пред две години, но тоа не помина добро. Треба ли повоторно да се размислува на таков потег?

Верувам дека Македонија треба да има многу внимателна за моментот што ќе го избере за формално да ја поднесе нејзината апликација, но не гледам причини зошто веќе сега не би постоеле такви планови. Тоа е долгорочен процес и со оглед што европското членство е стратешка цел на вашата земја мислам дека би требале да работите на тоа, дипломатски заедно со европските институции, за да се постигне формален консензус пред да го поднесете барањето за кандидатура. Бидејќи една работа е формалното барање, а сосема друга претходното добивање потврда, признавање и прифаќење во самата Унија и земјите членки. Тоа бара малку подолги подготовки и дипломатски активности во таа насока.

Постојат ли грешки и несовршености во европската политика кон Балканот ?

Главната несовршеност е во тоа што таа не е многу јасна. И тука е целата поента на грчкотот председателствување – да ја направи појасна и да ја засили европската понуда за балканот. Бидејќи она што договорот за стабилизација и асоцијација го потрдува, за Македонија на пример, е статус на потенцијална земја кандидат, тој всушност не содржи ветување за членство онака јасно како што беше тоа случај со земјите што го имаа договорот за асоцијација. Европската Унија беше доста критикувана заради тоа. Затоа што мора да биде појасна и одржлива и мислам дека тоа и ќе го видиме на крајот од грчкото председателство во Солун.

Треба ли да се плашиме од нерешените прашања со Грција како можна пречка за нашата евроинтеграција

Не мислам така. Мислам дека треба да се фокусирате на она што е главна порака која ви доаѓа од Брисел реформи. Мислам дека треба да се фокусирате на економските реформи, јакнењето на институциите, реформите во законодавството спроведувањето на охридскиот договор. Фокусот е врз овие нешта и според нив вие Ќе бидете оценувани. Барем тоа е официјалната европска реторика и верувам дека тие ќе се држат до оваа позиција кога се во прашање земјите од Западен Балкан.
XS
SM
MD
LG