Достапни линкови

Штрајкот прекинат,


По најавата на штрајкувачкиот одбор дека ќе започне со штрајк со глад во „Македонски железници“ менаџментот и синдикатот постигнаа договор. Резултат од него е нормализирање на железничкиот сообраќај од ноќеска на полноќ.

„Сообраќајот се одвива нормално и локално и меѓународно,“

вели Зоран Најдановски член на штрајкувачкиот одбор во „Македонски железници“.

Зголемениот обем на работа, наплатените побарувања, како и пристигнатите авансни плаќања од коминтентите беа причина менаџментот и синдикатот да постигнат заеднички договор.

„Во договорот со владата беше договорено превозот на нафта да биде преку железница, значи за Окта, а воедно и за Макпетрол. За сето она што може да се пренесе преку железница да се користат услугите на ЈП Македонски железници.“

Со ваква динамика за работа „Македонски железници“ без проблем ќе може да ги покриваат трошоците за плати.

„Имаме зголемен обем на работа, така што ќе имаме доста голем прилив на средства во овие неколку дена. Договорено е од страна на менаџерскиот тим до наредниот петок да се исплати една плата, а потоа ќе дојде до континуитет во исплатата на плати.“

Во најавите дека со трансформацијата на „Македонски железници“ ќе бидат отпуштени 2,700 вработени веќе не веруваат ни самите работници.

„Трансформацијата е долг процес и мислам дека како бројка веќе не се споменува бројка од 2,700 луѓе. Тоа ќе биде долг процес што ќе трае три години.“

Главното барање на светската банка е јавното претпријатие да се продава исчистено од долгови, што значи дека долговите ќе треба да бидат преземени од државата. По кој модел ќе се приватизира и колку од вработените ќе бидат отпуштени допрва ќе се одлучува.
XS
SM
MD
LG