Достапни линкови

Политички, а не правен проблем


За нас е прифатлива двојната формула за името на нашата земја, но не и за Грците. Проблем е тоа што се обврзавме да најдеме заедничко прифатливо решение, изјави професорот Денко Малески во контекст на спорот меѓу Македонија и Грција за името на нашата земја:

„Нашата влада веќе подолго време излегува со двојната формула, која вели дека Грција може да употребува име за кое ќе се договориме, а во меѓународната употреба да биде името Република Македонија. Но, она што нашата влада не го гледа е тоа дека она што Грците го бараат е токму дистинкција во меѓународната употреба меѓу државата Република Македонија и нивната покраина Македонија. Дали се во состојба политиките на двете земји да најдат решение, треба да видиме,“

Уште од самиот почеток на спорот, професорот вели дека е јасно оти правно гледано правдата е наша страна, бидејки секоја држава која е прифатена како независна сама го кажува името со кое сака да биде ословувана

„Проблемот е политички и создаден од Грција. Тие политички проблеми знаат да прераснат во сериозни состојби меѓу двете држави и токму поради тоа некои од земјите во светот застанаа да се најде компромисна формула. Имено, земјите во светот немаат проблем со нашето име, но свесни за тоа дека Грција го проблематизира тие се ставени во ситуација да вршта притисок врз нас да се најде компромисно решение.“

Малевски констатира дека во меѓународните односи политиката е многу посилна од правото:

„Според тоа, треба да процениме колку може да се држиме само до оваа димензија во односите, до правната димензија без драматично да си наштетиме на нашите идни планови за членство во ЕУ и НАТО.“

Инаку Времената спогодба мегу Македонија и Грција автоматски продолжува да важи и по предвидениот рок од седум години доколку една од страните потписнички не ја прекине.

Во меѓувреме во кабинетот на шефот на државава Борис Трајковски велат дека претседателот и Владата се со единствен став - двојна формула за името, едно име за односите со Грција, а уставното име Република Македонија за контакти со мегународната заедница. Неизвесно останува кој ке биде наследникот на сеуште актуелниот преговарач амбасадорот Иван Тошевски.
XS
SM
MD
LG